Соопштение за јавност
ВМРО ДПМНЕ ја доведе економијата пред колапс заради лично криминално богатење на Никола Груевски и фамилијата. Владата предводена од СДСМ ги санира штетите од таквото расипничко однесување на ВМРО ДПМНЕ и ја поставува економијата на здрави реални основи.
Христијан Мицковски не се огради од криминалните политики туку делува како нивни заштитник.
Дали Мицкоски, кој ги чинеше граѓаните речиси 2 милиони денари, го советуваше Никола Груевски за дил ориентед зделки како што е промашениот проект со кинеската компанија за автопатот Кичево-Охрид?
Огромните штети што ги предизвика нивното криминално владеење се рефлектираат со пад во нискоградбата.
Но Владата е подготвена и веќе презеде мерки за надминување и на овој проблем што го наследи од ВМРО-ДПМНЕ.
Економијата се опоравува, се работи на реални проекти кои даваат објективни и одржливи резултати.
Затоа извозот има раст од 14.3 споредено со истиот период од 2017 година.
Затоа влезот на странски инвестиции од 235 милиони евра во првите три месеци од годинава е најголем во споредба со 12 години наназад.
Скопје, 06.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA