Соопштение за јавност
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, придружуван од организациониот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, во текот на вчерашниот ден беше на средби со граѓаните на Штип, Карбинци и Чешиново-Облешево.
На средбите со граѓаните на овие општини беше разговарано за досегашните реализирани мерки и проекти, нивните потреби како и сугестииите за решавање на се она кое што ги засега.
– Како партија предводник на Владата во овој период покажавме дека земјоделството ни е еден од врвните приоритети. Уште во првите недели од формирањето, Владата предводена од СДСМ ги надмина проблемите околу исплатата на субвенциите и тие денес се исплаќаат неселективно и навремено, тогаш кога им се најпотребни. Поддршката за младите земјоделци е зголемена за повеќе од двојно, од 1.5 на четири милиони евра, а воведувањето на зелената нафта значително ги намалува трошоците на земјоделците. сето ова се мерки кои го враќаат достоинството кај земјоделците и ја вреднуваат нивната мака, посочи Кирацовски.
Генералниот секретар Кирацовски се осврна и на инвестициите во инфраструктурата што ќе овозможат побезбеден сообраќај и побрз транспосрт.
– Со започнатиот циклус на инвестиции во инфраструктурата во вредност од 270 милиони евра се градат и реконструираат 60 патни правци, од кои десетици се наоѓаат во овој дел од државата. Унапредување на инфраструктурата ќе овозможи побезбеден сообраќај, побрз и поефикасен транспорт но и позитивно ќе влијае врз развојот на овој регион, истакна генералниот секретар Кирацовски, додавајќи дека СДСМ останува посветена на реформите што обезбедуваат нови работни места, економски раст и повеќе пари кај граѓаните.