fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е политичка опција што промовира враќање назад, но граѓаните избраа иднина и напредок, Македонија оди напред!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Економска пропаст, неказнивост, партизирани институции, заробено судство и криминал и корупција од епски размери беа главните одлики на 11 годишното расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да дефинира политички начин за делување во интерес на граѓаните и се однесува како опција што промовира враќање назад, деструкција и поделби.
Но, граѓаните избраа иднина, напредок, економски развој.

Македонија тргна напред, економијата е стабилизирана, вратена е довербата во институциите и државата.
Последна потврда за тоа се и официјалните податоци според кои само во првиот квартал од 2018 година во
Македонија се влезени 235 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа е повеќе отколку за цела 2017 година, и е најмногу споредено со првите тромесечја во последниве 12 години.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на реална програма, на граѓаните им нуди само лажни вести и измислени случаи.

 

Скопје, 01.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести