fbpx

Маричиќ: Придобивките од Планот за раст на ЕУ надминуваат мандат на една Влада, секој ќе си ја преземе одговорноста ако пропуштиме да го реализираме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Клучна е одговорноста. Секој политички субјект без разлика дали е власт или опозиција има одговорност. Овие реформски планови надминуваат една Влада. Второ, бараат дел од нив и тоа како 2/3 поддршка и ако некој блокира тој ќе биде одговорен затоа што државата нема да добие конкретна финансиска помош или конкретни проекти“, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, во подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата.

Маричиќ, кој во овој подкаст беше заедно со вицпремиерот за економски прашања и кандидат за пратеник, Фатмир Битиќи и пратеничката и поранешна заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, посочи на митот што го шири ВМРО – ДПМНЕ околу Планот за раст, ЕУ „ќе ни даде милијарда евра и тие милијарда евра да ги потрошиме како и за што сакаме, за да економски заздравиме и да продолжиме понатаму со реформите“.

„Тоа е затоа што не знаат и немаат план за ЕУ, а Планот за раст е многу повеќе од тоа. Има политички димензии, има и димензии на човечки капитал, зелена агенда, управување со јавната администрација, дигитализација, и владеењето на право. И економија и владеење на право и социјална политика и образование. Повеќе аспекти за кои, ние како Влада поднесовме Реформска агенда со точно утврдени реформски проекти и агенда за нивно спроведување“.

Маричиќ уште дополни дека Владата на Северна Македонија е иницијатор за идејата за Планот за раст со цел Европската комисија да ни даде конкретни придобивки за граѓаните уште пред да станеме членки на ЕУ.

„Со нашиот 4 годишен реформски план започнуваме со реализација на сериозни реформи до 2027 година, со сериозна финансиска помош која ќе биде расчленета на секои 6 месеци согласно учинокот од спроведување на реформите и спроведување на конкретни и зрели проекти кои ќе бидат корисни за граѓаните. Нашата Реформска агенда поднесена до ЕК ги опфаќа областите: администрација, дигитална и енергетска транзиција, деловно опркужување и владеење на право. Вкупно околу 80 мерки“, посочи Маричиќ во подкастот посветен на Планот за раст.

Маричиќ уште дополни дека е постигната главната цел за да се разбијат митовите околу тоа како функционира планот за раст и целиот тој систем на европски реформи.

„Нема простор за импровизации во ЕУ интеграциите. Тоа се планови и конкретни работи кои се врзани и со рокови, а не можат да бидат празни ветувања, се бара силен ангажман. Без импровизации и со искрен пристап кон политиките. Ние немаме веќе време ниту за чекање ниту за губење. Потребен е сериозен ангажман од сите луѓе во општеството. Овој процес не зависи ниту од една Влада ниту од еден човек, зависи од сите граѓани. Нашата иднина е европска и од неа нема да се откажеме“, потенцираше вицепремиерот задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, во подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата.

Последни вести