fbpx

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лицемерие, акцизата не влијае врз раст на цените, се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ очајно продолжува да шири лажни вести преку кои продолжува да глуми загриженост за граѓаните, истите граѓани кои 11 години ги задолжуваше и осиромашуваше единствено за да се остварат нечии криминални интереси.

Не е точно дека зголемувањето на акцизата за нафтата влијае на покачување на цените на мало. Сите енергенси во вкупната цена на производите учествуваат со 10 проценти а акцизата е зголемена само за мал дел од тие 10 проценти, што е незначително за вкупната цена.

Залудни се обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести да ја манипулира јавноста. Граѓаните ги чувствуваат придобивките од успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

Растот на минималната и просечната плата, зголемените пензии и субвенции за земјоделците, намалувањето на трошоците преку укинување на радиодифузната такса и воведувањето евтина тарифа на струјата се мерки што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните.

За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата што ја предводи, преку домаќинското, успешно и одговорно работење, создава услови за интензивирање на економскиот раст, а тоа е потврдено и преку бројни економски параметри, како и преку извештаите на реномирани меѓународни економски институции.

 

Скопје, 25.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести