fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да собере сили да ги прифати позитивните вести за Македонија и да ги поздрави, препораката на ЕК е во интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да собере сили да ги прифати и да ги поздрави позитивните вести за Македонија што следуваат по објавениот Извештај на Европската Комисија.

Европската комисија ги препозна напорите на Владата предводена од СДСМ осоебно во делот на итните реформски приоритети, а Извештајот јасно нотира дека Македонија се враќа на европскиот пат и дека започнатиот реформски процес е отворен, транспарентен и во интерес на сите граѓани.

За разлика од последните години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога препораката за почеток на преговорите беше суспендирана и условена, а Македонија карактеризирана како „заробена држава“, овој пат препораката е чиста и безусловна, што значи дека Република Македонија го исполнува основниот политички критериум за членство во ЕУ што овозоможува почеток на преговорите за пристапување во членство во ЕУ.

Со тоа уште еднаш се потврдува исправноста на политиките на парламентарното мнозинство и на Владата предводена од СДСМ.
Наместо преку неосновани напади да се обидува да фрли сенка на уште еден успех во евроинтеграцијата на државата, ВМРО-ДПМНЕ треба активно да се приклучи кон реформскиот процес и да даде поддршка на реформите што ја движат Македонија напред и се во интерес на сите граѓани.

Скопје, 18.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

Последни вести