fbpx

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за одговорност кога токму тие промовираат насилство, институциите ги расчистуваат инцидентите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најголемо лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ, партијата која Собранието на Република Македонија го претвори во арена за крвави тепачки, која целиот свој мандат се потпираше на примената на насилството, којашто застана зад немилите настани од 27 април и побара амнестија за насилниците, денес да зборува за одговорност за насилството во општеството.

Токму ВМРО-ДПМНЕ активно промовираше и редовно ја демонстрираше употребата на насилството во општеството – промотор на законот на посилниот. Јавноста се уште ја памети злоупотребата на специјалните полициски единици за брутален напад врз студентите кои се обидуваа да спречат изборни нерегуларности.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години промовираше политики на насилство не може да се изземе од одговорност за затекнатите состојби во образованието и училиштата.

Наместо власт која активно промовираше насилство како што правеше ВМРО-ДПМНЕ, јавноста деновиве сведочи на активно делување и преземање на конкретни активности и мерки кои ќе стапат на сила наскоро во насока на превенција на насилството и другите облици на девијантно однесување во училиштата.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осудува секој насилен чин и активно се бори против секаков вид на насилство. Институциите предводени од Министерството за образование и наука, го осудија насилството во училиштата и веднаш беа изречени педагошки мерки и беа преземени мерки за превенција на насилството во училиштата, додека за случајот во Гостивар, институциите преземаат се што е во нивна надлежност за расветлување на случајот, а одговорноста ќе има доколку таа биде утврдена.

 

Скопје, 17.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести