Соопштение за јавност
Времето кога политиките се креираа заради остварување на нечии бизнис и лични интереси на поединци од власта заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
За ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто со криминалното и расипничко владеење стана најбогата партија во Европа е крајно непознато дека некој може да успее со чесна работа, а дека Владата може да работи во интерес на сите граѓани, наместо во интерес на поединци како што беше случај со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев јавно и транспарентно го објави својот имотен лист и во повеќе наврати јавно соопшти дека се откажува од какви било бизнис соработки со Владата, се со цел да се посвети на јавниот интерес и интересите на државата.
Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на спроведување на политики кои обезбедуваат економски раст и квалитетен живот за сите граѓани. Вицепремиерската позиција за бизнисот како партнер во градењето на реални политики базирани на искуство се непознат и погубен концепт за ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија секојдневно шири лажни вести.
Никој повеќе нема да се богати на сметка на граѓаните. Политиката и бизнисот повеќе не се испреплетуваат и крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да ја научи таа лекција.
Скопје, 16.04.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА