fbpx

Единствените вооружени групи на 27 април беа oние што влегоа во Собранието, Мицкоски да одговори за неговата улога во насилствата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Единствените вооружени групи за време на случувањата од 27 април, беа насилниците кои упаднаа во Собранието со цел да повредат и убијат пратеници, новинари, полицајци и вработени во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште должат одговори пред граѓаните, каква била улогата на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ во насилствата од крвавиот четврток и насилниот упад во Собранието.

Надлежните институции отворија истрага за насилствата од 27 април и ВМРО-ДПМНЕ мора да го остави Јавното обвинителство до крај да го расветли овој инцидент, а сите оние кои биле извршители, нарачатели или помагачи во насилниот упад во Собранието, да се соочат со одговорност согласно законите на Република Македонија.

 

Скопје, 05.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести