fbpx

Мицкоски да им се извини на граѓаните на Струмица и да смогне сили да ги надмине политиките на поделби и конфликт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На граѓаните на Струмица и околината Мицковски им должи извинување затоа што 11 години беа заборавени од централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски треба да смогне сили и да ги напушти политиките на поделби, конфликт и омраза.

СДСМ нема да дозволи деструктивните сили во општеството да ја загрозат иднината на државата, ниту пак безбедноста на граѓаните и пратениците.

Правото на протест е неспорно, уставно загарантирано. Но, јасно е дека тука не станува збор за протести, туку за организирани закани врз пратениците, врз нивните семејства и нивните домови. Лесно може да се заклучи кој стои зад ова, но ВМРО ДПМНЕ мора има предвид дека заканите, сеењето омраза и поттикнувањето насилство се кривични дела.

Секој кој ја загрозува сигурноста или безбедноста на кој билој граѓанин, мора да сноси одговорност.

 

Скопје, 19.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести