Соопштение за јавност
Самитот на НАТО беше еден голем дипломатски дебакл, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за Дојче Веле.
-Нашата делегација немаше средба на виско ниво со ниту еден од претставниците на нашите стратешки партнери, САД, Германија, Франција, Велика Британија, се што видовме беа само протоколарни снимки и некои селфиња правени по ходници. Од друга страна и Грција и Бугарија сериозно ги одбранија своите ставови. Утрово слушнавме порака од премиерот на Грција, Мицотакис, којшто кажа дека има силно оружје да се бори против непочитувањето на Преспанскиот договор, рече Филипче.
Во таа смисла, сметам дека нашата делегација таму беше изолирана, додаде Филипче потенцирајќи дека тоа е многу ризично имајќи го предвид отворањето на нови политички жаришта со соседите и заложништвото кон Унгарија.
-Таа изолација е дополнително ризична имајќи предвид дека се отвораат нови жаришта, тука, дома, кон соседите. Повторно се отвора веќе затвореното прашање со Грција, понатаму, ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе се бори за подобрување на нашата положба со Бугарија, а тоа не само што не се случува туку повеќе од јасни се дека од нивните позиции нема да остапат. Што значи дека се соочуваме со една изолација којашто може да биде поопасна од таа што беше во 2016 година, со кризи, со две соседни земји, членки на ЕУ и една политичка зависност, ризик од политички диктат од земја којашто очигледно во последно време е свртена кон истокот, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче за Дојче Веле.
Линк до видео:
https://www.facebook.com/dw.macedonian/videos/1891850744646084