Социјалдемократската Младина на Македонија објавува Повик за самокандидирање за Претседател на СДММ
Социјалдемократската Младина на Македонија објавува Повик за самокандидирање за Претседател на СДММ
Врз основа на Статутот и Одлуката на Централниот одбор на СДММ, Социјалдемократската младина на Македонија објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК за самокандидирање на кандидат за Претседател на СДММ.
Постапката за кандидирање започнува од 15.07.2024 и ќе трае четиринаесет дена, до 28.07.2024 година. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми.
За кандидат за Претседател на СДММ може да се кандидира лице со најмалку 2 години членство во СДСМ најмалку еднаш да бил избран од Конференцијата на СДММ за член на некои од органите на младината (Претседател, секретар, член на Централен одбор или Надзорен одбор) или да бил избран за Претседател на Локален клуб на СДММ.
Постапката за избор на Претседател на СДММ и членови на органите на СДММ, Централен и Надзорен одбор е утврдена со одлука на Централниот одбор на СДММ и Конференцијата ќе се одржи на 1 септември 2024 година (недела).
Деталите околу постапката, правилникот и критерумите се содржани во Правилникот за постапка, начин и критериуми за кандидирање и избор на Претседател на СДММ и членови на органите на СДММ, Централен и Надзорен одбор.
Рокот за поднесување на самокандидатура за Претседател на СДММ е 28 јули 2024 година.