fbpx

Изгоре цела планина, а Мицкоски промовира проекти од времето на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Христијан Мицкоски

Крајно неодговорна и бесчуствителна е денешната изјава на Мицкоски кој вели дека за ден-два ќе се ставеле пожарите под контрола. Ваквите паушални изјави покажуваат дека воопшто не е загрижен, ниту ја има состојбата под контрола. Наместо да биде дел од кризниот штаб и да се информира за состојбата, тој се обидува си прави партиски прошетки во Охрид за дневни ПР промоции на проекти од времето на СДСМ.

Задоцнетата реакција и слабата координација придонесоа да се касни со гасењето на пожарите. Се доцни со екипирање на домашните ресурси и со барање на дополнителна поддршка. Апсолутно ништо не е под контрола ниту добро изменаџирано во однос на пожарите во неготинско. Граѓаните тврдат дека речиси целата планина Серта е изгорена.

ВМРО-ДПМНЕ демонстрира исклучителна неспособност за владеење во првите недели од мандатот. Наместо реална работа и грижа, нив ги интересира само себепромоција и фрлање лопати. Веќе видено сценарио кое јасно потврдува дека во оваа партија ништо не се сменило.

Последни вести