fbpx

Лукаревска: Најголемата лага е дека економијата е во клиничка смрт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Економијата и нејзината кондиција не е прашање на произволна оцена на политичарите. Економијата е во добра состојба и закрепнува од економската криза и инфлацијата, а ВМРО-ДПМНЕ шири најголеми лаги кога вели дека економијата е во клиничка смрт.

Ова го истакна Сања Лукаревска пратеничка на СДСМ на прес-конференција како реакција на вчерашната презентација на ребалансот на Буџетот.

„Имаме директни инвестиции двојно повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ и тоа во време на криза, имаме покачување на плати за три пати, имаме намалена невработеност на речиси под 10%. Па наједноставно е да се види каква е состојбата е статистиката со потрошувачката кошничка. Со ВМРО-ДПМНЕ беа потребни четири плати за основните производи, со СДСМ две. Ова е тоа што треба да дефинира во каква состојба е економијата“, изјави Лукаревска.

Таа побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговорат како со намалување на средствата за поддршка на компаниите по основ на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, ќе помогнат на наводниот колапс и клиничката смрт на економија.

„Дали тоа нема да биде дополнителен поттик да крахираат тие кои се охрабриле да инвестираат“, прашува Лукаревска и потенцира дека и во време на кризи Владата на СДСМ исплати 100 милиони евра за компаниите, од кои само минатата 40 милиони евра поддршка во криза.

Во однос на ревидираните проекции за растот на БДП, кој од 3,4% ВМРО-ДПМНЕ го проектираше на 2,1%, Лукаревска побара од министерката за финансии да образложи зошто е направена ревизија. Намалувањето на проекциите за раст, според Лукаревска, укажува на несигурност и сомнеж во способностите на ВМРО-ДПМНЕ за реализација на ветеното.

„Мицкоски објави дека 250 милиони евра ќе бидат насочени кон општините за инфраструктурни проекти и дополнителни 250 милиони евра за поддршка на стопанството преку задолжување во четири очи од Унгарија. Освен тоа, со овој ребаланс се предвидуваат уште 100 милиони евра за локални инфраструктурни проекти. Но, и покрај овие најави и ветувања, владините макроекономски проекции покажуваат намалување на растот. Како е можно 600 милиони евра, кои се претставени како директна поддршка за економијата, да не се препознаваат во проекциите за БДП? Каде исчезнуваат овие пари?“, праша Лукаревска.

Таа потенцира дека СДСМ и коалицијата како конструктивна опозиција на собраниската расправа со сите аргументи, факти и бројки ќе се спротивстават на овие погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Линк до видео:

Последни вести