Соопштение за јавност
СДСМ нема да го подржи ребалансот на буџетот за 2024 година, кој го предлага Владата, а од сите 58 амандмани кој ги поднесовме Владата не прифати ниту еден. Одлуката за неприфаќање на ребалансот на буџетот е многу јасна: со ребалансот не се предвидени пари за раст на платите во ниту еден сектор, рече пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски собраниската на седницата за ребаланс на буџетот.
Тој ги потенцираше зголемувањето на дефицитот и јавниот долг.
-Со ребалансот на буџетот, зголемен е и буџетски дефицитот и сега е 4.9% од планираниот БДП. Со ова се зголемува и јавниот долг на државата.
Јавниот долг сега ќе се искачи до 67 проценти, со новите задолжувања, а ние успеавме да го одржиме на ниво до 60% во време на криза, рече Ковачевски.
Тој потенцираше дека Владата не предвидува ниту средства за реформа на системот за заштита и спасување, кој беа претходно донесени, особено во Министерство за одбрана.
-Во ребалансот на буџетот кој го предлага Владата намалени се, но и не се предвидени финансиски средства за покривање на обврските од социјална заштита, ниту пак за покачување на финансиските првата за детска заштита. За потсетување истите овие права од социјална и детска заштита во текот на изминативе години беа зголемени за 320%. Со ребалансот намалени се и финансиските средства за националните сојузи за инвалидски здруженија како и граѓанските организации кои се борат против семејното насилство, рече Ковачевски.
Намалени се средствата за ИПАРД програмите за земјоделците. Се укинува авансната исплата на субвенциите за земјоделците и се крати интервентниот фонд.
Во делот на инвестициите не се предвидени пари за исплата на договорните обврски за поддршка на инвестициите на домашните компании, потенцираше пратеникот Ковачевски.
Линк до видео: