Соопштение за јавност
Несериозно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува некого за неспособност кога токму кадрите
на ВМРО-ДПМНЕ кои раководеа со Град Скопје и скопските општини, од Скопје направија
престолнина на кичот и еден од најзагадените градови во Европа. Граѓаните сè уште ги
чувствуваат последиците од погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и трошењето на стотици
милиони евра на коруптивни проекти заради задоволување на криминалните апетити на Никола
Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Скопје конечно доби
отворена, одговорна и услужна градска администрација предводена од градоначалникот Петре
Шилегов, којашто работи во интерес на граѓаните и градот.
Залудни се лажните вести и неоснованите обвинувања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Заврши
времето кога локалните власти работеа на исполнување на желбите на поединци. Граѓаните го
препознаваат посветениот, одговорен и транспарентен пристап во работата на локалната власт
предводена од СДСМ и ниту едно празно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ нема да може тоа да го
промени.
Скопје, 16.02.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА