Соопштение за јавност
Обидите на ЗНАМ и Максим Димитриевски да се дистанцира од Вреди се најблаго кажано трагикомични. Прво се посрамотија со тоа што најавуваа дека при првиот скандал ќе излезат од Владата а сега удобно си седат во фотељите после низа скандали.
Сега дополнително се посрамутуваат и се обидуваат да фингираат некаква расправија со цел да ја намалат штетата. Тоа е навреда за граѓаните и оние кои им дадоа поддршка.
Димитриевски ветуваше дека ќе биде контролор во власта на работата на албанските партии и фактор на стабилност, но се покажа дека тој не е никаков фактор и дека го интересираат само неколкуте функции кои ги доби од Мицкоски.
Линк до видео: