fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше граѓаните, Владата предводена од СДСМ го намали јавниот и државниот долг за прв пат после 2009 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше и ги осиромашуваше граѓаните континуирано, со години, а парите ги трошеше на луксуз, споменици и богатење на поединци од оваа партија.

Затоа, наместо реална политика или издржана, аргументирана критика, денеска ВМРО-ДПМНЕ пласира само лажни вести.

Владата предводена од СДСМ преку одговорното работење со јавните финансии стратешки управува со долгот и ја стабилизира економијата.

Буџетските пари се користат за спроведување на мерки што се во интерес на граѓаните и коишто обезбедуваат повисоки плати, нови работни места и економски раст. Впрочем, овие економски политики ги потврди и Народната банка на Македонија којaшто како независно тело нотираше дека економијата се движи во нагорна линија и дека економската состојбата се подоборува.

ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие фактот дека и јавниот и државниот долг во 2017 година бележат пад. Тоа е прво годишно намалување на јавниот и државниот долг од 2009 година.

 

Скопје, 02.02.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести