Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска присуствуваше на настан во ООУ „Коле Неделковски“ во Општина Центар, каде на почетокот на училишна година беа пуштени во употреба нови училници и кабинети. Ова е нова инвестиција во училиштето Коле Неделковски, после 66 години.
-Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издвоија 43 милиони денари за изградба на 4 нови училници, 2 кабинети, една библиотека. Средства кои обезбедуваат инклузивност во образованието, со лифт и тоалет за учениците со потешкотии во движењето како и пристапна рампа за непречен пристап во училиштето, рече Филипче.
СДСМ обезбедува инклузивно образование за секое дете. Образование кое ги почитува и прифаќа различностите и кое овозможува и децата со попреченост да имаат еднакви шанси за достигнување на својот полн потенцијал и придонес во општеството, додаде тој.
-Преку проектот за унапредување на основното образование СДСМ во изминатите години реализираа реконструкции на санитарни јазли и изградба на рампи за ученици со попреченост во повеќе од 40 училишта. СДСМ набави и опреми кабинети по природни науки во повеќе од 260 основни училишта и опрема и нагледни средства за кабинети по природни науки во повеќе од 358 училишта. А, минатата 2023 година, сите основни училишта во државата комплетно беа опремени со нови нагледни средства и помагала во кабинетите по историја, географија и за другите предмети од групата општествени науки. И овие инвестиции не треба да престанат, затоа што без квалитетно образование нема силна држава, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на сите првачиња им посака среќна учебна година и успех на сите ученици.
“Верувам дека во секој ученик се кријат индивидуални посебности и силни таленти. Но, без инвестиции во образованието не можеме да зборуваме за квалитетно образованието и успешни и образовни кадри. Затоа во едно од најстарите училишта во Скопје Коле Неделковски, капацитетите се прошируваат по цели 66 години“, рече Филипче.