Оваа учебна година наставниците нема да ја започнат со повисоки плати, откако ВМРО-ДПМНЕ ја прекина низата на растот на плати во образованието, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во изјава на медиумите.
-Со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата, почнувајќи од 2019 и 2020 година кога платите во образованието пораснаа за 5%, во 2021 за 10%, а во 2022 и 2023, СДСМ ги зголеми платите на двапати по 15 проценти. Тоа е зголемување за над 55 проценти и тоа е влог во образованието, во нашите ученици и иднината на државата. Со СДСМ имаше зголемување на платите и враќање на достоинството на наставниците какво што не се случило до сега. За жал, оваа низа на раст на плати ја прекина ВМРО-ДПМНЕ, она кое пред неколку месеци ветуваше зголемување на платите на наставниците за 15% од септември и кое денес за истото вели-Не сега., рече Филипче.
Но најстрашно е тоа дека ВМРО-ДПМНЕ ги остави без образовни асистенти учениците со посебни образовни потреби и кои имаат нужна потреба од нив, додаде тој.
-Денес на првиот училиштен ден ВМРО-ДПМНЕ ги прекина договорите на, 800 досегашни образовни асистенти, лица кое се прифатени и им се блиски на учениците. Тоа е срамно и нечовечно. За среќа, во Општина Центар градоначалникот Герасимовски имаше распишано Јавен повик за лични образовни асистенти кои ќе ги придружуваат учениците и ќе им помагаат во совладувањето на целиот наставен образовен процес“, рече Филипче.
После ова ниту родителите, ниту наставниците, ниту граѓаните повеќе не веруваат во патриотските и грижливи изјави на министрите од ВМРО-ДПМНЕ.
-Не е подобро и нема да биде! Наместо со зборови, да говориме со дела. Подобриот живот не доаѓа со лажните ветувања туку со вистински проекти кои носат резултати“, рече Филипче.
Линк до видео: