fbpx

Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Додека полицајците на граничниот премин Блаце се казнуваат на плата, додека министерот за внатрешни работи најавува мерки за заштита на државниот буџет од злоупотреби, власта секој ден носи нови одлуки за вдомување партиски кадри на измислени позиции.

И во МВР тоа се случува на големо. Министерот Тошковски и заменик министерот Исени наредиле огромна листа на советници, со огромни плати и до 66 илјади денари.

Само за овие 23 советници во кабинетот на министерот и на заменикот министер граѓаните на Македонија ќе плаќаат околу 1 милион денари секој месец.

На коалициските партнери во власта не им е доволно тоа што имаат министри, заменици министри, државни секретари, директори, сега се измислуваат функции и позиции за вдомување.

Од координатори, национални координатори, заменик на заменикот директор еве дојдоа до паралелтни кабинети со бројни советници.

Кога се функции и фотели во прашања нема мерка за доста кај ДПМНЕ.

Ова е класична партизација со која се ограбува буџетот за задоволување на апетите на партиите на власт.

Последни вести