Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ треба да се охрабрат и да го поддржат Законот за бранителите, затоа што со овој закон се излегува во пресрет на реалните потреби на преживеаните, на бранителите со инвалидитет и на семејствата кои ги загубиле најблиските.
Ако Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ дава недвосмислена поддршка за Законот бранителите, има можност тоа да го докаже.
Прво да не коленичи туку да му се јави на Гаши да го почитува Деловникот на Собранието и да го стави Законот на комисиска расправа.
Потоа да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да гласат во македонското Собрание.
Законот може да се донесе ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаат ЗА.
Во спротивно ќе погазат уште ветување и ќе ги извисат бранителите.