fbpx

Битиќи: Доцни повратот на ДДВ, се враќа времето до 2016 година кога компаниите страдаа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Битиќи: Доцни повратот на ДДВ, се враќа времето до 2016 година кога компаниите страдаа

За изненадување мое, но не и на јавноста, најочигледно после 7 години, оваа тема повторно станува важна како до 2016 година, а тоа се сценарија во коишто продолжуваат доцнењата на враќањето на законскиот рок за поврат на ДДВ за компаниите коишто е од елементарно значење. Затоа што враќањето на ДДВ за компаниите значи зголемена ликвидност и можност за инвестирање и на таков начин, освен што се исполнува законскиот основ, се исполнува и основната цел, а тоа е да служиш на стопанството за да можат да продложат да поттикнат економски раст и развој.

За жал, сценаријата од 2016 година, каде што компаниите молеа до власта за да се врати ДДВ после 6-7 месеци, сега повторно се случува истото и влегуваме во еден таков цилкус каде што веќе враќањето на ДДВ не се прави на начин каде што автоматски би требало да биде направено, туку има друг коишто ќе одлучува за сето тоа.

Ги охрабрувам тие коишто треба да постапат според законот, да го прават тоа затоа што стопанството го заслужува тоа во овие тешки моменти за заздравување на економијата и заслужуваат да им се помогне за нивната ликвидност.

Линк до видео: https://youtu.be/_e_M4jHXnhM

Последни вести