fbpx

Заев во Шуто Оризари: Ќе има живот за сите и во Шуто Оризари, заедништвото е нашата предност!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

-Се покажа, цела Македонија е за живот за сите, за промени и на локално ниво, освен на централно ниво и ќе има промени и во општина Шуто Оризари, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната средба со граѓаните на Шуто Оризари во Скопје.

-Заедништното и единството се нашата предност и нашето богатство и тоа мора да го негуваме. Не сме само Македонци и Роми, вечерва го потпишавме и договорот со ДУИ кои ќе го поддржат нашиот кандидат за градоначалник, Курто Дудуш, со што победата овде во Шуто Оризари е извесна. Не само поради ова, туку и поради тоа што се охрабрија и граѓаните кои трпеа притисоци и гледаат дека повеќе нема потреба тоа да го прават, рече претседателот Заев.
Тој порача дека обврска е грижата за сите граѓани.

-Не може да се истураат милиони евра во градот Скопје, а овде да нема вода за децата, светилка да нема.

Претседателот на СДСМ, Заев најави дека граѓаните на Шуто Оризари ќе имаат за децата градинка каква што заслужуваат, а дека ќе се подобрат условите за работа на Пазарот во општината. “Да се грижиме за младите луѓе и да овозможиме на младите луѓе да живеат и работат овде“, повика претседателот на СДСМ, Заев.

-Општината им служи еднакво на сите граѓани, ќе биде отворена за сите и ќе биде сервис за сите, најави претседателот Заев.

-Да дадеме поддршка на единството, сплотеноста, и овде во Шуто Оризари мора да има живот за сите, порача меѓу другото, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со граѓаните вечерва во скопската општна Шуто Оризари.

 

 

 

 


 

 

Последни вести