Соопштение за јавност
Со барањето амнестија за лицата кои на 27 април извршија или беа помагачи на терористичкото загрозување на уставниот поредок и безбедност, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека токму тие ги нарачале и стојат зад насилствата на крвавиот четврток кога се случи организиран обид за убиство на пратеници, а загрозена беше и безбедноста на новинари и вработени во Собранието.
Колку и ВМРО-ДПМНЕ да се обидува да ги спаси своите извршители од одговорност за крвавиот четврток, не смее да има амнестија за оние кои учествуваа или помогнаа во обидот да се убијат пратеници.
Во Македонија, како и во секоја демократска земја не може да има амнестија за тешки кривични дела како обид за убиство, терористичко загрозување и дела против државата и уставниот поредок.
Предлог законот за амнестија не предвидува ослободување на лица што сториле кривични дела против државата и кривични дела злосторничко здружување.
Заврши времето на селективна правда. Македонија станува правна држава и секој кој ги прекршил законите, ќе мора да се соочи со правна одговорност за своите постапки.
Скопје, 18.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА