fbpx

СДСМ против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, пратеник Митко Трајчулески

 

Почитувани,

СДСМ нема да поддржи етнички поделби во науката и категорично ќе се спротивстави на идеите кои ги промовираат и ги туркаат коалициските партнери во власта на чело со ВЛЕН.

Категорично сме против формирање на паралелна Академија за науки и уметности затоа што тоа значи етнизација на науката и создавање етнички институции, немасто институции за сите граѓани.

Она што го промовира ВЛЕН служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и нашето мултиетничко општеството.

Оваа идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици од причина што МАНУ е и треба да остане институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници.

Науката ниту треба да се партизира ниту да се етнизира и злоупотребува во дневно политички цели и потреби.

СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите и со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои најавуваат дека имаат намера да го финансираат овој проект со пари на граѓаните.

Општините се на сите граѓани, буџетот е од сите граѓани и треба да биде за сите граѓани, да се инвестира во решавање на проблемите а не во создавање поделби и тензии.

Најавуваме дека советниците на СДСМ во овие општини нема да го поддржат Буџетот за наредната 2025 година.

Ги повикуваме и останатите политички партии да се приклучат, особено советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку тоа не го направат, ВМРО-ДПМНЕ ќе стане директен поддржувач и соучесник.

Последни вести