Соопштение за јавност
Во страв од изборниот пораз, ВМРО-ДПМНЕ продолжува секојдневно да шири лажни вести и да ја манипулира јавноста.
Лажна е веста дека ЕЛЕМ ќе биде приватизиран и тоа беше официјално соопштено и од раководството на претпријатието и од Владата. Обврската за издвојување на сопственоста на ЕЛЕМ и МЕПСО, ќе се направи по пример на земјите од регионот, односно, различни институции од државата ќе бидат одговорни за ЕЛЕМ и МЕПСО посебно и нема да има никаква приватизација.
Граѓаните не веруваат во манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, а лажните вести што ги пласира опозициската партија нема да ја спаси од извесниот пораз на локалните избори, кога граѓаните ќе го казнат криминалното и расипничко владеење на крадоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 06.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА