Соопштение за јавност
Цените во октомври месец биле „намалени“ за само 0,1%, објави Државниот завод за статистика. Ете толку е ефикасноста на мерката на владата за намалување на цените, нула. Кошничката месечна се намали само 57 денари. Прес конференциите на владата и фалењето со намалени цени потонаа, а реалноста ја чуствуваат граѓаните секојдневно во маркетите. Намалување на цени нема и затоа Владата мора итно да го прифати предлог законот за ДДВ на СДСМ со кој граѓаните реално ќе штедат до 2.000 денари месечно.
СДСМ има пакет од три закони кои ќе значат повеќе пари во џебот на секој граѓанин, поевтини ценина производи и повисоки плати. Ова е во интерес на сите граѓани и само од политички инает ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќа овие политики. Жално е што ВМРО-ДПМНЕ е подготвена на штета на граѓаните да води политики на отфрлање на добрите решенија. Од една страна Мицкоски зборува за обединување, од друга страна не прифаќа ништо што значи повеќе пари за граѓаните. СДСМ уште еднаш повикува на разум кај Владата и подава рака за соработка. Ако околу нешто треба да се обединиме тоа е подобар животен стандард и поддршка во време кога животот станува се потежок.