fbpx

Мицкоски најави историско понижување на трудот на здравствените работници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изјава на Христијан Мицкоски

Денеска Христијан Мицкоски објави историско понижување на трудот на здравствените работници! Неговата најава е за минимално односно историски најниско зголемување од 10% во споредба со досегашниот раст на платите.

Вкупните примања на лекарите специјалисти од 2017 до 2024 година, заедно со дежурства се зголемени меѓу 100-160%. по корекцијата на коефициентите од страна на СДСМ.

Основната плата на лекарите специјалисти СДСМ ја зголеми за 40 проценти, на медицинските сестри ја зголемивме помеѓу 20 и 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, на здравствени соработници за 15 проценти. Минатата година во октомври се потпиша и Спогодбата со здравствениот синдикат за ново зголемување на платите на здравствените работници кое требаше да биде над 20% и тоа сега веднаш а не Мицкоски да прави лоша математика.

Здравствените работници заслужуваат почит и плати за достоинствен живот.

Дали целта на Мицкоски му е да ги избрка да работат по странство или по приватните клиники?

Реално а не лажно зголемување е прашање за грижата за здравјето на нашите граѓаните и на целото наше општество но Мицкоски тоа нема капацитет ниту да го разбере ниту пак знаење нешто да преземе.

Последни вести