fbpx

Заев од Канатларци: Ја зголемуваме помошта за земјоделците, затоа што без развиени села нема напредок ниту на градовите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бев градоначалник 12 години и знам дека без развој на селото не е возможен напредок ниту на градовите, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното обраќање пред жителите на село Канатларци, прилепско.

„Нашата програма нуди решенија за рамномерен регионален развој, за селата и градовите да можат рамномерно и истовремено да се развиваат. Во делот на политиките на земјоделството ќе создаваме механизми што ќе даваат резултати. Заврши времето на субвенциите кои се даваат како социјална помош. Секој што обработува земја ќе добие соодветна субвенција и ќе биде мотивиран да произведува повеќе, за да добива повеќе субвенции. Од наредната година, дополнително ќе биде зголемена државната помош за тутунарите. Ќе отвориме мотивирачки процес за земјоделците, се со цел тие да имаат повеќе пари и подостоинствен живот во селата“ порача претседателот Заев.

Во своето обраќање, претседателот Заев ја потенцираше важноста од едно општество, бидејќи тоа е вистинскиот пат по кој треба да се развива Македонија за да стане рамноправна со европските демократски држави.

 

 

 

Последни вести