fbpx

Филипче: Насилството врз жените остава последица врз општеството да се бориме за нивна безбедност и достоинство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените.

„Денес, на Меѓународниот ден против насилство врз жените се потсетуваме на еден од најголемите предизвици на секое општество–насилството врз жените и девојчињата. Запрепастува фактот што ова е едно од најраспространетите прекршувања на човековите права. Насилството врз жените не остава сериозна последица на поединецот туку на општеството во целост. Промената почнува од секој од нас – со зборови, со дела, со колективна одговорност. Да се бориме против ова зло со подигање на свеста, со вложување во образованието, здравството, со поголеми права на жените. Да изградиме свет каде што слободата, достоинството и безбедноста ќе бидат неприкосновени права на секоја жена и девојка.“ вели претседателот на СДСМ, Филипче.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/pfbid02FR2odSu9JquvqenAwfnGUJHocVadg5Cx7qmcnAuuZeJPhYFuZVzW1CkjtvQTTbKCl

Последни вести