fbpx

Власта одби уште еден амандман за чиста животна средина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ одби уште еден амандман на предлог буџетот, поднесен од пратеници на СДСМ, за обезбедување на 254.119 илјади денари за пречистителна станица за Валандово.

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во образложението на амандманот истакна дека пречистителните станици се од суштинско значење за управуваање со отпадните води и за заштита на животната средина.

Со ова ќе се подобри квалитетот на водите во регионот и ќе се обезбеди здрава и чиста средина за локалното население, нагласи Тренчевска.

Заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го одбија амандманот предложен од СДСМ, наменет за чиста животна средина.

Последни вести