fbpx

Генералниот секретар на СДСМ: Отворена врата за секој што сака да придонесе!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ: Отворена врата за секој што сака да придонесе!

Во следниот период на дело ќе покажеме што значи новото раководство на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и што значи новата енергија на СДСМ, порача генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, вечерва во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

Димитријевиќ посочи дека со изборот на партиското раководство и успешниот Конгрес на СДСМ, консолидацијата на партијата е во завршна фаза. Она што сега следи како што рече Димитријевиќ, е активна комуникација и средби со општинските организации а СДСМ во државата.

„Во следниот период ќе се спуштиме долу во општинските организации и ќе ги посетиме. Сите имаме јасен план како тоа треба да изгледа и кои пораки треба да ги пратиме кон членството. Имаме јасна визија, сè што ќе слушнеме ќе примениме, бидејќи тоа ни се замераше во минатото на нас како СДСМ дека не ги слушаме пораките од членството. Ќе го смениме тој начин на функционирање и сме силно одлучни дека ќе се спуштиме во членството со секојдневни посети, ќе го прекинеме јазот кој можеби го имало во минатото помеѓу раководството на партијата и општинските организации, месните организации, локалните клубови на млади, тој јаз ќе го намалиме“, рече Димитријевиќ.

Во интервјуто, Димитријевиќ потенцираше дека во СДСМ има сериозен човечки потенцијал и дека секој е добредојден да придонесе за партијата и во креирањето на идните партиски политики.

„Во СДСМ има сериозен човечки потенцијал. Ова раководство и јас како генерален секретар на партијата сме отворени за сите за сите сугестии, и навистина има искрено подадена рака до сите оние коишто сакаат да се вградат, искрено и чесно во креирање на идните политики на СДСМ“, рече Димитријевиќ.

При тоа, Димитријевиќ посочи дека има јасни сигнали за враќање на довербата во партијата од незадоволни членови.

„Во процесот во којшто следи и во изминатиот период имаме јасни сигнали на враќање на членството односно на разочараните луѓе коишто од одредени политики биле разочарани од политиките на СДСМ. Во периодот којшто следи ќе работиме активно и верувајте дека сите тие знаат каде им е базата и знаат која е единствената партија којшто навистина може да му се спротивстави на ВМРО ДПМНЕ, и кој ги негува вистинските социјалдемократски вредности“, порача генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ.

Последни вести