fbpx

Крадоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се последната одбрана на режимот на Груевски што убедливо ќе биде поразен на локалните избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Крадоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се последната одбрана на режимот на Груевски што граѓаните го поразија на 11 декември, а ќе го поразат и на претстојните локални избори.

Кандидирањето на старо нови крадоначалници кои успешно го следат примерот на Груевски за криминално и расипничко владеење, уште еднаш докажа дека партијата ВМРО-ДПМНЕ е длабоко навлезена во криминал и се уште не може да се ослободи од стегите на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Коце Трајановски и Тони Трајковски се типични крадоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои работат како продолжена рака на нивниот шеф Никола Груевски кои не се грижат за граѓаните, туку единствено за нивните коруптивни интереси. Најголемото достигнување на Трајковски е што по нарачка на Груевски и Јанакиески одмазнички и противзаконски рушеше објекти, како што самиот Груевски кажа „со динамит“.

Трајановски ќе остане запаметен како најголем уништувач на градското зеленило и дрвата во Скопје и како исполнувач на желбите на Никола Груевски. Неодговорното и расипничко владеење на Трајановски го остави Скопје со екстремно загаден воздух, нездрава животна средина и со урбанистички и сообраќаен хаос, додека истовремено трошеше милиони евра народни пари за лажни градски плажи, врби, палми и панорамски тркала, само за да ги задоволи желбите и криминалните апетити на неговиот шеф Никола Груевски.

Граѓаните го препознаа одговорното, чесно и транспарнтно работење на СДСМ и затоа на локалните избори чесната понуда на кандидати и програма на СДСМ ќе добие најголема поддршка од гласачите. Граѓаните ќе изберат нова, услужна локална власт предводена од СДСМ којашто ќе работи во интерес на граѓаните.

 

Скопје,13.09.2017 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести