Соопштение за јавност
Нарачаните и наместени анкети реализирани од партискиот институт Павел Шатев за кој целата јавност знае дека е партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го сокријат фактот дека СДСМ и коалицијата се убедливи фаворити на претстојните локални избори.
Очајничките обиди на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за пласирање на лажни вести и лажни анкети веќе не минуваат. Ниту една лажна анкета нема да им помогне на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се спасат од убедливиот пораз на локалните избори. Граѓаните ја препознаа разликата помеѓу новите вредности и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ и криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ на централно и на локално ниво.
Најпрецизната анкета ќе се спроведе на 15 октомври кога граѓаните во сите општини ќе му испорачаат пораз на ВМРО-ДПМНЕ и масовно ќе дадат поддршка на кандидатите од редовите на СДСМ и коалицијата.
Скопје, 03.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА