Прес конференција, СДММ, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ
СДММ: Власта во режимски стил им го одзема гласот на средношколците
Почитувани граѓани,
Почитувани медиуми,
ВМРО-ДПМНЕ, во свој режимски и познат стил повторно се обидува да ги стави под контрола средношколците.
Без јавна расправа, власта ги турка измените на Законот за средно образование, со кои директно се кршат правата на средношколците да се организираат и претставуваат како единствена сила.
Во законските измени, во делот на ученичко организирање, избришан е Сојузот на средношколци – единственото тело кое ги обединува средношколците на национално ниво и се залага за нивните интереси. Со тоа буквално ја затвораат секоја можност средношколците да се борат за себеси.
Им се одзема гласот. Им се одзема правото да одлучуваат. Кому сметаат здружени и силни?
Овие законски измени го нарушуваат основното право да бидеме дел од демократските процеси во нашето општество. А, тоа многу нè потсетува на едно друго време, на еден режим и контрола врз образованието, кога бевме принудени да се организираме преку пленуми за да си ги одбраниме правата.
Почитувани,
Отстранувањето на Сојузот на средношколци е само дел од пакетот штетни измени на законите за образование, кои оваа власт ги турка по брза постапка.
Овие измени се спротивни и на препораките на УНИЦЕФ, кои бараат системски и континуирани решенија за надминување на бариерите и создавање функционална поддршка за децата со попреченост.
Зошто вакви суштински важни законски измени се туркаат на „брза лента“, без јавна дебата? На одржување јавна дебата апелира и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Образованието мора да биде натпартиска и надетничка тема.
Затоа, Социјалдемократската младина на Македонија, апелира да се прекине со носење инстант решенија, кои се на штета на учениците.
Образованието е тема за која е потребен консензус, јавна дебата и широки консултации. Се работи за нашата иднина, не сакаме да се враќаме назад!
Ние бараме квалитетен и модерен образовен систем, каде секој има право на глас, каде секој е заштитен и каде образованието е ослободено од дискриминација и политички притисоци.