Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
ДПМНЕ го пушти Груби за избега и целосната одговорност е кај нив
Со потсмев ги следиме обидите на ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Тоа е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање, а тоа е – зошто Тошковски дозволи Груби да избега?
ВМРО-ДПМНЕ треба да каже кој е политичкиот договор и цена за пуштањето на Груби?
Зошто ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски молчат за тоа дека „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат, „случајно“ згрешил службеникот на границата инаку кадар на Тошковски.
Границата со Косово се потврди дека откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт е главен канал за бегање на криминалците. Можеби е време да ја отворат целосно за да не се трошат пари за одржување, па така и граѓаните ќе видат некаков ќар.