Прес конференција на координаторот на Пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски
Спасовски: Сиљановска имаше формално обраќање, изостана нејзина реакција за многу важни теми
Денешното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова е едно формално обраќање пред Собранието, не понуди визија за иднината на државата, во коешто едноставно имаше констатации со извештати за тоа што направила, какви средби имала.
Меѓутоа немаше суштински и конкретно во делот на политиките.
Мора да кажам два дела од обраќањето, кога зборуваше за Армија, поддршката на Армијата и на политиките кои значат унапредување на состојбата во Армијата и подобрување на животниот стандард на сите војници е нешто што ќе добие поддршка од нас. Второ, поддршката на еднаквите можност, на жените во политиката декларативно е добро како став на претседател на држава, но очекувам дека таа декларативност, преку влијание, преку јавно искажан збор да биде преточена и во конкретни политики.
Постојан многу теми во општеството за коишто требаше да бидат дел од годинашното обраќање на претседателката.
Токму заради тоа што и самата во говорот се претстави како човек којшто се бори за демократија, за транспарентност, и на крајот како правник во политиката е не како политичар во правото.
Очекувавме да каже став за тоа дека највисокиот законодавен дом, многу ретко разгледува закони по редовна постапка, над 90% се по скратена постапка, нешто што жестоко се спротивставуваше во изминатиот период.
На тој начин не се јакне демократскиот капацитет на институциите туку паѓа.
Кога зборува за јакнење на транспарентноста, очекував дека јавно ќе го осуди носењето на Законот за јавни набавки со којшто се руши транспаретноста. Очекувам и ја повикувам да не го потпише овој Указ.
На тој начин ќе покаже дека демократијата и транспарентноста се постулати на коишто не само декларативно ќе ја врши функцинијата туку врз реални основи.
Очекував дека ќе ги осуди сите постапки за промена на законодавството, на правното уредување коешто се рушеше правниот поредок, како промените за регулаторните тела, комисиите, на луѓе кои имаа мандат противзаконски се укинуваа тие мандати.
Или двете автентични толкувања на Законот за надворешни работи со коишто се создаваат можности на мала врата за рушење на дипломатската мрежа, што е надлежност на претседателот на државата.
Ова се работи за коишто требаше да се прати порака.
Што се однесува до единството, националното единство, за важните прашања во државата, исто така, наместо декларација треба конкретни чекори.
За да има единство треба да имаме дијалог, за да има дијалог некој ќе треба да повика и да организира. Ние како СДСМ и коалиција сме подготвени да разговараме за сите прашања важни за државата, да има дијалог и да се постигне консензус.
Доколку постои предлог за евроинтегративните процеси на државата тој предлог треба да биде споделен и со парламентарната опозиција и заеднички да разговараме и да изградиме заеднички ставови.
Секако дека повикувајќи се на граѓаните и сиверенитетот којшто им припаѓа очекував барем неколку реченици да каже и за состојбата на економски план, што се случува и да упати порака или начин за решение на проблемите.
Како и да е, сакам да верувам дека ќе најде сили да излезе од сенката на парламентарното мнозинство, на владата и да биде доволно гласна. Таа гласност да се препознае дека е во името на граѓаните на Македонија.