fbpx

Граѓаните се гушат, загрижува тоа што власта не презема ништо против загадениот воздух

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните се гушат, загрижува тоа што власта не презема ништо против загадениот воздух

Скопјани се гушат во загаден воздух и смог. Со денови Скопје се наоѓа меѓу најзагдените градови во Европа, концентрациите на ПМ честичките се и до 17 пати поголеми од дозволените.

Зачудувачки и во исто време загрижувачки е како власта на ДПМНЕ со голема леснотија го игнорира загадувањето и не презема ништо.

Загадувањето на воздухот е сериозен проблем кој влијае врз здравјето на луѓето и наместо да ги остава граѓаните сами на себе власта треба итно да преземе сериозна институционална акција за намалување на загадувањето.

Кога беше опозиција ДПМНЕ најавуваше над 1 милијарда евра за инвестиции во чист воздух и намалување на загадувањето за 50%. Како власт ДПМНЕ сега не презема ништо. Поминаа 7 месеци, мерки против загадувањето нема.

Дополнително власта ги намали парите за борба против загадувањето на воздухот за 51% а во буџетот 2025 година ги нема ниту еколошките програми кои со години се реализираа успешно.

Ниту еден амандман на СДСМ за еколошоки проекти и зголемување на парите за борба против загадувањето не беше прифатен од страна на власта.

Владата мора веднаш да ги промени своите погрешни политики и да преземе сериозни чекори за справување со загадувањето. Секој ден одложување значи уште повеќе загрозено здравје, загрозени животи на нашите сограѓани.

Последни вести