fbpx

Талески: Патот Градско-Дреново е потврда на вистинските политики на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Талески: Патот Градско-Дреново е потврда на вистинските политики на СДСМ

Со гордост ја информираме јавноста за пуштањето во употреба на експресниот пат Градско – Дреново, проект кој има огромно значење за граѓаните на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Градско и целиот Прилепско-Пелагониски регион кој е потврда на вистинските политики на СДСМ, рече денеска пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

„Овој проект, вреден над 37 милиони евра, е резултат на посветената работа на Владата предводена од СДСМ, која преку одговорни и визионерски политики вложуваше во развојот на патната инфраструктура и подобрувањето на животот на нашите граѓани,“ рече Талески.

Проектот, реализиран со над 92% од страна на претходната влада на СДСМ и опфати:

Изградба на трите клучки кај Градско, Росоман и Дреново;

Четири вијадукти;

Сите мостови, надпатници и подпатници;

Поставување на 98% од асфалтот.

„Актуелната власт денеска ќе се кити со туѓи перја, завршувајќи само 50 метри асфалт пред пуштањето во употреба. Но важно е што граѓаните конечно добиваат целосно функционален пат кој ги задоволува највисоките европски стандарди,“ додаде Талески.

СДСМ очекува дека наскоро ќе биде завршена и делницата од Дреново до Фариш, која е веќе над 80% реализирана благодарение на претходната работа на владата на СДСМ.

„Ова е пат кој значи економски развој, подобра поврзаност и повисока безбедност за сите жители на регионот,“ истакна Талески, потсетувајќи на претходните инвестиции во патната инфраструктура:

Обновената делница кај Плетвар;

Патот од Прилеп кон езерото;

Започнатата изградба на автопатот Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д, прв автопат во овој регион.

Талески упати благодарност до сите градежни работници, инженери и проектанти кои вложија труд во реализацијата на овој значаен проект.

„Ова е потврда дека СДСМ работи за реалните потреби на граѓаните, создавајќи проекти кои го унапредуваат животот во нашата земја,“ заклучи пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

Последни вести