Соопштение за јавност
ДПМНЕ да каже кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат во Македонија
Мицкоски во САД немаше ниту една важна средба за граѓантие и државата. Не видовме ниту една официјална средба, изостанаа средби со светски лидери, со високи дипломати. Никаде не беше истакнато македонското знаме, во ниту една официјална институција не беше примен премиерот Мицкоски. Јасно е дека дипломатски и политички ништо не се постигна.
Но бидејќи ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Мицкоски на средбите во САД обезбедил инвестиции јавно ги повикуваме да ги соопштат кои се тие.
Нека излезе ВМРО-ДПМНЕ и нека каже кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат откако претседателот Трамп потпиша указ за оданочување на оние американски компании кои ќе инвестираат во странство.
Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде мисија од висок ранг, но за жал ДПМНЕ го претвори во евтина ПР фарса од која не знае како да се извади.
Неговото присуство се сведе на партиски митинг од каде што на монитор ја следеше инаугарицијата.
Ова патување не донесе ниту еден конкретен бенефит за државата, а јавноста со право прашува колку чинеше оваа ПР фарса и што добија граѓаните?