fbpx

Христоски: Од унгарскиот кредит малите општини нема да добијат ништо

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христоски: Од унгарскиот кредит малите општини нема да добијат ништо

Градоначалникот на Крушево од редовите на СДСМ Томе Христоски, во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24, укажа на повеќе недостатоци поврзани со средствата од унгарскиот кредит, што владата ги доделува за проекти во општините.

Зборуваме за кредит, кој сите даночни обврзници на оваа земја го плаќаат, а не грант. Треба да знаеме каде се трошат парите и дали државата ќе има инпут, локален развој, регионален развој и дали бенефит ќе имаат сите граѓани од тоа што се гради, истакна Христоски.

Христоски додаде дека мора да постои некаков вид на контролен механизам, координација, дали проектите се издржливи и одржливи.

Имам сознанија дека некои проекти по општините се застарени, некои не се одржливи, зборуваме за изградба Дом на култура во некои рурални места, а да сигнете до домот газите во кал до колена, рече Христоски, додавајќи дека со средствата за општините не е запазен рамномерниот регионален развој. Ќе се сведе големите општини да добијат се, а малите општини да не добијат ништо. Скопје дополнително ќе се централизира. Тоа е огромен проблем, наместо да се прави рамномерен регионален развој, се врши централизација, рече Христоски.

Во врска со претстојните локални избори, Христоски нагласи дека граѓаните ценат, кој е работник, кој неработник, кој придонесува за општината, а кој не.
Има разлика од она што го сработивме ние како претставници на СДСМ и од коалицијата и имаме одлични резултати со кои се горедееме, на пример Крушево оваа година и наредната има светско првенство во параглајдерство, а Крушево до 2017 година беше на колена, нагласи градоначалникот на Крушево Томе Христоски, во дебатната емисија „Анализа“ на телевизија 24.

Последни вести