Соопштение за јавност
Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри а Мицкоски молчи
Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи.
Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за економија. Меџити има стратегија за вдомување прво на партиските кадри. А Мицкоски си молчи.
Молкот на Мицкоски значи дека робусната операција за партизацијата на администрацијата е веќе договорена работа пред изборите.
Ова е скандал од огромни размери, кој говори дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција и затоа мора да има одговорност.
СДСМ бара веднаш да бидат запрени сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка од Државната комисија за спречување корупција.