Соопштение за јавност
По повод Националниот ден на Власите претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Македонија.
„На сите граѓани од влашката заедница во Република Македонија, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, го честитам денешниот Националeн ден на Власите.
Ја преземаме обврската, заедно со сите граѓани, вклучувајки ве подеднакво и вас Власите, да градиме едно општество, на еднакви граѓани, што ја движи Македонија кон напредна и стабилна иднина.
Влашката заедница во Македонија активно е вклучена во отворањето перспективи за сите граѓани, преку придонесот на демократски, економски, културен, општетствен план и тоа многу помага кон развој на заедништвото како успешен концепт за унитарна Македонија.
Да се посветиме уште посилно на развивањето на меѓусебните односи, негувањето меѓусебна толеранција, почит кон богатството на традициите и различностите, што претставува значајна придобивка и за идните генерации во Македонија.
Македонија е на патот на демократските промени што ќе овозможат тоа да се случи.“
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА