Соопштение за јавност
Во изминативе 8 месеци Владата на Мицноски и ДПМНЕ целосно ги разочара земјоделците и ги остави сами.
Трипуновски покажа како може да се блокира откупот на ориз кој како никогаш досега остана неоткупен со одземање на лиценци за откуп на фирмите.
Излажа дека ќе воведе мерка која ќе се однесува на откупувачите и за 1.000 кг откупена и извезена оризова арпа откупувачите ќе добијат 6.000 денари. Досега нема таква мерка.
Покажа како се блокираат законите во собранието а преку измените во овие закони за земјоделство ќе се овозможеше поголема финансиска поддршка на земјоделските задруги.
Високите цени во лозарството се заслуга на СДСМ, со донесениот нов закон за виното.
Факт е дека сите програми и политики кои ги критикуваа ДПМНЕ и Трипуновски како опозиција додека денес полни им се устите како нивно достигнување. Тоа земјоделците најдобро го знаат.
ДПМНЕ зборува за развој на сточарството а ги намали субвениите кај кравите од 12.000 дена по крава на само 8.000 денари.
Со ДПМНЕ на земјоделците им е само полошо.
Едно е јасно а тоа дека ДПМНЕ ниту знае ниту има развојна програма за развој на земјоделството.