Соопштение за јавност
Судството во Македонија ќе биде независно и правдата и законите ќе бидат подеднакви за сите.
Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не можат со лаги и манипулации да го спасат сваровски судството. Секој кој работел противзаконски на штета на граѓаните ќе одговара пред независни судски органи.
Граѓаните избраа Македонија да биде правна држава, а тоа подразбира темелни реформи во судскиот систем и реизбор во судството според најдобрите европски пракси.
Скопје, 11.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА