Соопштение за јавност
Филипче од Струмица: Жените се нашата сила за напред, продолжува борбата за нивно економско јакнење и подобар животен стандард
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче денеска по повод Меѓународниот ден на жената-8 Март, присуствуваше и се обрати на традиционалниот Осмомартовски марш во организација на Форумот на жени на СДСМ, кој оваа година се одржува во Струмица.
Филипче во своето обраќа порача дека социјалдемократијата е единствената опција која нуди еднакви услови за развој и напредок на жените и за унапредување на женското лидерство. Тој посочи дека во периодот на СДСМ се реализираа политики и проекти за положбата на жените. СДСМ е предводник на концептот 50-50 на пратеничките листи, во партиските органи и тела на СДСМ жените и мажите подеднакво се застапени, а сега во новото раководство има најмногу жени, една заменичка претседателка и три потпретседателки.
„Во нашиот мандат го решивме правото на користење надоместок за мајчинство за жените земјоделки, го донесовме Законот за прекинување на бременоста, ставајќи ја волјата на жената на прво место и враќајќи ја контролата врз сопственото тело на жените. Со Законот за минимална плата, во 2017 година, за првпат се обезбеди изедначување на минималната плата за работниците во повеќе индустри како текстилната, кожарската и чевларската индустрија каде најголем процент од вработените се токму жени. Се со цел економско јакнење на жената“, рече Филипче.
При тоа посочи дека СДСМ ќе продолжи да се бори за подобрување на животниот стандард на жените и за нивно јакнење на сите позиции во општеството.
„И денес како опозиција се бориме за подобрување на животниот стандрад и нема да отстапиме од барањата за зголемување на минималната плата, која влијае врз економската сила на жените.
Свесни сме дека ова не е доволно и ја продолжуваме борбата. Нам ни треба општество во кое жените се јакнат на сите позиции, без затворени врати. Нам ни треба општество во кое солидарноста ќе ни биде прва асоцијација за жените. Ќе продолжиме да се бориме додека ваквите заложби не ни станат реалноста“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.