Соопштение за јавност
Домашната и меѓународната јавност очекуваат смирување на тензиите и овозможување услови за работа на новиот собраниски претседател и избор на новата реформска Влада.
Укажуваме дека ова е врвен државен интерес и дека секое попречување е тешко противуставно кривично дело.
Потсетуваме дека нарачателите и извршителите на обидот за убиство на пратеници во Собранието, како и насилието врз новинари и вработени во Парламентот, ќе одговараат за своите посапки.
Денешната насилна реторика на организаторите на протестот и паралелните пораки по социјалните мрежи на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои поттикнуваат немири со лаги е уште една потврда за синхонизираното, организирано крваво сценарио во Парламентот со што е направено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и бебзбедноста, за што казните се повеќегодишни и затворски.
Неопходно е лидерите на сите партии, институциите, граѓаните кои се злоупотребени на протестите да го сфатат својот дел од одговорноста и да овозможат продолжување на демократските процеси.
Парламентарното мнозинство, по изборот законскиот и легитимен избор на новиот собраниски претседател, исклучиво според Деловникот, Уставот и законите ќе ја избере и новата реформска Влада.
Секое попречување на мирниот транфер на власта е противуставно дело и подлежи на казни.
Скопје 02.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА