Одговор на новинарско прашање, Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ
ДПМНЕ застана на браникот против работниците кои бараат достоинствен приход
Оваа влада има пари за луксуз, за привилегии, за богатите, но не и за народот. Работниците, кои се темелот на секое општество, се нападнати затоа што бараат само едно – фер и достојна плата.
ВМРО-ДПМНЕ отворено застана против работниците, правејќи сè за да ги замолчи оние кои бараат подобар живот. Наместо да ги зголеми платите, оваа власт води валкана кампања, со лаги и притисоци, за да ги уништи сите организации кои се независни и го креваат гласот против неправдите.
Целта е јасна – да се заплашат работниците и сите што бараат правда. Да се создаде атмосфера во која никој повеќе нема да се осмели да побара нешто што оваа власт не сака да го даде. ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ битка против секој што се осмелува да бара подобар живот, против секој што се спротивставува на диктатот на ДПМНЕ.
Во минатото, ВМРО-ДПМНЕ глумеше поддршка за работниците, но сега вистинското лице е откриено. Ги користеа кога им требаа за политичка пресметка, а сега сакаат да ги замолчат засекогаш.
Но, лагите и заканите нема да ги спречат работниците да се борат. СДСМ останува доследна и ќе продолжи да ги поддржува сите што бараат правда. ВМРО-ДПМНЕ сака да создаде тишина и страв, но тоа нема да се случи. Работниците нема да бидат замолчени. СДСМ ќе биде тука, во оваа борба, сè додека секој работник не добие плата со која може да живее.