fbpx

Ниту една криминална нафтена платформа нема да ги сопре демократските процеси

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Демократските процеси брзо ќе се придвижат и Македонија ќе добие претседател на Собранието и нова реформска Влада со што ќе се испочитува волјата на мнозинството граѓани.

Последните пораки на пратеници, претставници и институции на ЕУ, последните извештаи на меѓународни организации и медиуми како оние на Фридом Хаус и Економист јасно укажуваат на итно деблокирање на демократските процеси и почитување на демократските принципи. Секое попречување на демократските процеси значи закана по демократските вредности и ја носи Македонија во натамошна изолација од демократскиот свет.

Груевски, Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не смеат да ја носат државата во изолација само за да ги спречат промените и да се заштитат од одговорност за направените криминали. Ниту една криминална нафтена платформа нема да биде пречка за остварување на мнозинската волја.

Граѓаните нема да живеат во поделена бинационална и изолирана земја само заради тоа што криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не сака да се сооочи со одговорноста.

За заедништво и интеграција се изјаснија над 700.000 граѓани на Македонија, чии гласови се преточени во 67 пратенички мандати. Тоа е парламентарно мнозинство кое ќе ја уважи волјата на мнозинството и ќе избере претседател на Собранието и нова демократска влада.

Мнозинската волја ќе биде испочитувана! Македонија ќе добие претседател на Собранието, функционално Собрание и нова реформска влада посветена на интересите на граѓаните.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести